
Биди флексибилен во секој аспект од работењето, направи да клиентите бидат задоволни од пружените услуги, секогаш почитувај ги превземените рокови и точно и без одлагање исполнyвај ги обврските – се златните правила според чие почитување заедно со менаџерскиот тим ја раководиме и водиме фирмата. Двете страни на дистрибуциониот канал ќе бидат задоволни со раководење на бизнисот според такви принципи.
Таква стратегија е користена во раководењето на компанијата од неjзиното основање во не така далечната 1997 година и до ден денешен постигнат е значаен напредок и развој.
Представува наше задоволство да откриеме дека така развиената стратегија, помогна да фирмата на минимално возможно ниво го сведе негативното влијание врз бизнисот од тековната политичка и економска нестабилност во земјата и регионот предизвикано од вооружените конфликти.
Тоа значи да понекогаш нашата примарна цел не е да бидеме најголем дистрибутер за некој производ во земјата и регионот моментално, туку да бидеме нaд дистрибутерите кoи и во иднина профитабилно ќе го дистрибуираат производот.