- организира и управува со маркетинг и рекламни кампањи на телевизија, списанија и весници. Во тесна врска е со размена на потребни информации со произведувачите со чија помош организира адекватна презентација и поддршка на нивните производи кои Виварта ги дистрибуира на македонскиот пазар. Организиран настап подразбира и адекватна техничка поддршка и РМА ако е потребно за што се надлежни другите оддели во фирмата.
- го испитува пазарот во постојани контакти со дилери и со организирање на разновидни испитувања на крајните потрошувачи како би биле во состојба да детерминираат кои производи би биле од интерест за пазарот.
- го испитува мислењето на клиентите за квалитетот на производите и овозможува повратна врска до производителите за квалитетот на нивните производи и како пазарот ги прифаќа тие производи.
- ги надгледува активностите на конкуренцијата.
- организирање на саеми и презентации на нови производи на дилери. Организира редовни средби со представници на дилерите во Македонија со одделот за продажба низ работни коктели.
- организира шеми и програми за стимилирање на дилерите со дисконт за поголеми и редовни набавки.
- објавува периодично каталози како во печатена, така и во електронска форма, издава брошури и памфлети, ставајќи акцент како на новите производи воведени на пазарот, така и на веќе докажаните производи од аспект на нивната прифатеност на пазарот, но и од аспект на профитот остварен со нивна дистрибуција.
- координира интернет презентација на фирмата и адекватни WEB активности. |