Стручната
и навремена техничка подршка во бизнисот со дистрибуција на компјутерски
делови и компоненти е уште еден исклучително важен сегмент.
Денес кога произведувачите скоро секој ден исфрлаат на пазарот нови
производи, кога апликативниот софтвер и потребните софтверски драјвери
константно се надградуваат потребна е квалификувана и професионална
служба која може да им излезе во пресрет на потребите и барањата на
корисниците. Потребната поддршка се нуди преку телефон, електронска
пошта или WEB-от на фирмата кој е во процес на постојано
надградување и осовременување.
И
на крај, но во никој случај најмалку важно, како што вообичаено се вели,
се РМА активностите со кои се обезбедува да клиентите бидат комплетно
задоволни со пружените услуги на фирмата.
Стандардно,
во согласност со позитивните законски прописи Виварта одобрува 12 месеци
гарантен гок (освен ако не е поинаку назначено во документите кои се
издаваат при продажбата) во кој рок се обврзува да бесплатно ги отстрани
дефектите и техничките недостатоци на производите кои би се појавиле при
нормална употреба на производите.
|