Продажбата, секако е најважниот дел од процесот на остварување профит.
Примарна задача на продажбата е да креира и
одржува добар дистрибутивен канал во Македонија, која задача е успешно
остварена со макотрпна работа.
Прифајќањето и перцепцијата на Виварта како
дистрибутер на македонскиот и бугарскиот пазар постојано се подобрува.
Тоа е постигнато со навремено исполнување на превземените обврски
за дистрибуција на квалитетни производи по прифатливи цени.
Дистрибуциониот систем Виварта го има развиено и го одржува со градење
на драгоцени партнерства на двете страни од дистрибуциониот канал - кај
произведувачите и кај дилерите.
Самата продажба за Виварта
и не е така тешка задача имајќи во предвид дека до чинот на продажбата,
во сегментот на навремено обезбедување адекватни производи според
потребите на пазарот, работата одлично е завршена.
|